Корисни совети
Подгответе го возилото за технички преглед и возете побезбедно секој ден
Оваа секција е наменета за возачи кои сакаат да дознаат како да ги одржуваат возилата во добра состојба и полесно да го поминат техничкиот преглед. Редовното одржување значи побезбедно возење и подолг век на автомобилот.
Чести прашања
Светла, сопирачки и гуми. Често се проблем и протекувања, неисправни трепкачи, како и неправилен издув.
Брза листа за подготовка пред технички преглед
Проверете течности
Моторно масло, течност за сопирачки, антифриз и течност за ветробран – на соодветно ниво; смена масло во препорачани интервали.
Сопирачки и суспензија
Внимавајте на шкрипање и подолг пат на педала; проверете амортизери (нишатење) и посетете механичар ако има симптоми.
Светла и електрика
Проверете кратки/долги, трепкачи, стоп, рикверц, магленки; сменете сијалици и проверете сирена.
Гуми и притисок
Правилен притисок и доволна шара; проверете нерамномерно трошење и геометрија на тркала.
Акумулатор и клеми
Чисти и стегнати клеми; кај акумулатори со одржување проверете електролит и долијте дестилирана вода по потреба.
Задолжителна опрема
Резервно тркало/комплет, алат, триаголник, елек, прва помош, ПП апарат (за одредени категории).

Мали детали што прават разлика
Чисто возило
Полесно се забележуваат протекувања и се мери светлосниот сноп.
Навремена поправка
Подобро е мал дефект да се реши навреме отколку да прерасне во проблем на пат.
Проверка пред долг пат
Вонредна/превентивна проверка може да спречи непријатности.
Одговорен пристап
Техничкиот преглед не е формалност – тој е за ваша и туѓа безбедност.
Имате прашање или сакате совет пред технички? Тимот на ЗВ – Штип е тука за вас.